Два смртни случаи и 125 нови случаи на Ковид-19 во Македонија

Во последните 24 часа се потврдени два смртни случаи и 125 новозаболени од коронавирус во Македонија, соопшти Министерството за здравство. Направени се 1.085 тестирања.

Најголем број од новите случаи се од Скопје-46, Kуманово-19, Штип-17, Тетово-16 случаи, во Охрид се потврдени пет нови случаи, во Струга-седум, Велес-три, Битола-еден, Гостивар-шест, Неготино-два случаи и по еден нов случај во Кочани, Делчево и Прилеп.

Починаа две лица, пациент од Прилеп на возраст од 73 години, хоспитализиран во ГОБ „8 септември“ од 19 мај и пациентка од Струмица (67години) хоспитализирана на Клиника за неврохирургија од 18 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира осум оздравени пациенти, во Прилеп-два, Тетово-еден, Велес-четири и Свети Николе-еден.

Вкупната бројка на дијагностицирани случаи во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.915, бројката на оздравени пациенти е 1.640, на починати е 151, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.124.

Последната дистрибуција по градови е следна:

•       Скопје 1201, активни 595

•       Куманово 545, активни 129

•       Дебар 52, активни 1

•       Штип 161, активни 123

•       Прилеп 218, активни 29

•       Тетово 273, активни 115

•       Струга 98, активни 26

•       Велес 141, активни 27

•       Битола 30, активни 4

•       Охрид 30, активни 13

•       Кавадарци 6, активни 1

•       Гостивар 47, активни 26

•       Гевгелија 6, активни 2

•       Струмица 5, активни 2

•       Крива Паланка 6, активни 0

•       Радовиш 4, активни 0

•       Крушево 3, активни 0

•       Кочани 43, активни 12

•       Пробиштип 5, активни 3

•       Демир Хисар 1, активни 0

•       Македонски Брод 2, активни 0

•       Пехчево 3, активни 0

•       Берово 2, активни 1

•       Валандово 3, активни 2

•       Виница 3, активни 1

•       Делчево 2, активни 1

•       Кратово 3, активни 1

•       Свети Николе 3, активни 2

•       Кичево 3, активни 1

•       Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.085 теста се преку: ИЈЗ –663, ЦЈЗ Скопје-12, Авицена –128, Биотек -42, Жан Митрев (Филип Втори) –144, Систина со PCR метода –41 и МАНУ -55.

Досега во земјата се направени вкупно 35.471 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 113 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Кочани и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се седум нови, а вкупно хоспитализирани 58 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 38 пациенти. На респираторна машина се седум, a со потешка клиничка слика се уште осум пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент - позитивни и сомнителни на ковид-19.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.