Чаир има најмногу заразени, Центар го помина Бутел по бројот на активни случаи

Во моемнтот Скопје е главно жариште на коронавирусот во земјата со вкупно 720 активни случаи на заразени.

Според статистиката, повеќето од активно заразените се од скопската општина Чаир - 168 лица. Зад Чаир се наоѓаат Центар со 64 и Бутел со 63 активни случаи.

Зад нив се Гази Баба - 58, Аеродром - 57, Сарај - 55, Карпош - 45, Кисела Вода - 35, Арачиново - 23, Студеничани - 19, Илинден - 18, Ѓорче Петров - 18, Шуто Оризари - 17, Петровец - 6, Чучер Сандево - 3, Сопиште - 2 и Странец - 2.

Во изминатите 24 часа потврдени се 127 нови случаи на заразени со Ковид-19, а починаа 3 лица.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.