Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов поради морална и кривична одговорност треба да си даде оставка

Градоначалникот Петре Шилегов како одговорен на градскиот кризен штаб и како прв човек во градот треба да ја споделува маката на граѓаните кои во Скопје останаа три дена затворени. Тој она што го направи е избега од Скопје во Маврово и не беше под карантин, обвини Советничката група на Град Скопје.

„ Освен градот што остана без градоначалник, кој со оглед на неговата неработа и не е некоја загуба, остана и без првиот човек на кризниот штаб што пак повлекува и кривична одговорност. Шилегов поради морална и кривична одговорност треба да си даде оставка.

Што се однесува до денес промовираниот кружен тек треба да одговори зошто истиот е преплатен.

На пример кружниот тек во Влае кој го изгради претходникот на Петре Шилегов чинеше 50 милиони денари, а дијаметарот е 40 метри, 13 канделабри, со опфатено проширување на Партизански одреди.

А денес Шилегов промовираше кружен тек кој е 4 пати помал а чини 20 милиони денари. Разликата отиде во нечиј џеб, во кој треба да одговори Шилегов“ порача советничката група.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.