СДСМ: Мицкоски и Арсовски ги кршат мерките за заштита од коронавирусот

Социјалдемократскиот сојуз обвини дека опозицискиот лидер Христијан Мицкоски и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, во време на криза, покажуваат самоволие, прекршуваат мерки и забрани и ги злоупотребуваат институциите за лични и партиски интереси.

„Иако целата јавност го виде Мицкоски како влегува во затворен фитнес центар во придружба на припадници на МВР од кои дел носеа ракавици, сепак за министерот на МВР, Наќе Чулев тоа беше отсјај од светлото. Под закрила на Чулев, Мицкоски набрзо покажа уште едно непочитување на мерките и седна во затворена кафеана, каде два часа им се криел на инспекторите во контрола, заедно со Љупчо Андоновски, советник на Чулев, со кој седел на маса и кроел план како да се спаси“, велат од СДСМ.

Преку соопштение, владејачката партија обвини и дека портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски, покажал дека не ги почитува забраните и протоколите, кога за време на полициски час, доцна навечер, спротивно на сите забрани, патувал од Струмица за Скопје, правдајќи се со наводни „службени должности“.

„Повеќе од јасно е дека Димче Арсовски злоупотребува дозволи за движење за приватни потреби, знаејќи дека и тој како Мицкоски е под заштита на Чулев. Очигледно е дека единствената работна задача на министерот од ВМРО ДПМНЕ во техничката Влада, е да ги штити партиските пријатели, и да ја злоупотребува полицијата за притисоци и закани, како што тоа го направи во Струмица, кога со часови во полициска станица, држеа и им се закануваа на млади волонтери кои делеа пакети во хуманитарна акција“, додава СДСМ во соопштението.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.