ДОМ: Со Уредба на Владата ќе се отстрануваат дивоградбите на плажите во Охридскиот регион

Зелената партија ДОМ го поздравува донесувањето на Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба. Со примената на оваа Уредба, ќе се овозможи отстранување на дивоградбите и враќање во првобитна состојба на 25 плажи долж Охридското Езеро.

Од ДОМ велат дека ова придонесува и за спроведување на мерките за заштита на крајбрежјето утврдени со Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион што Владата го усвои во јануари 2020 година. Исто така, влијае на намалување на негативните влијанија од масовниот туризам врз квалитетот на водите, биолошката разновидност и пределските карактеристики на подрачјето, како и на зачувување на УНЕСКО статусот.

ДОМ апелира Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи да обезбедат доследно спроведување на оваа Уредба.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.