Пет смртни случаи и 175 новозаболени од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 971 тестирање, а регистрирани се 175 нови случаи на Ковид-19, од кои најголемиот број се од Скопје.

Починаа пет лица, тројца од Скопје, еден пациент од Гостивар и еден од Прилеп.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби при прием во амбуланта починал пациент од Прилеп (72).

Во ГОБ „8 Септември“ починале тројца пациенти од Скопје - пациентка на возраст од 60 години, примена на 5 јуни, пациент на возраст од 64 години, примен на 8 јуни, и пациент на возраст од 59 години, примен на 8 јуни, и еден пациент од Гостивар на 72-годишна возраст, примен на 30 мај.

Најголем број нови случаи се во: Скопје - 131, Куманово - 24, во Тетово има пет нови случаи, во Велес - четири, по два нови случаи има во Штип, Прилеп, Струга, Гостивар и во Свети Николе и еден нов случај во Охрид.

Во Скопје најголем број активни случаи има во Чаир - 209, во Бутел - 76, во Аеродром и Гази Баба по 75, во Центар - 73, во Карпош - 72, во Сарај - 64.

Во Кисела Вода активни се 43 случаи, Ѓорче Петров - 35, Шуто Оризари - 26, во Студеничани и Арачиново има по 24 активни случаи, во Илинден - 19, во Петровец активни се шест случаи, во Чучер Сандево - четири, два случаја има во Сопиште и двајца странци.

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 18 оздравени пациенти, и тоа во: Скопје - 12, Штип - еден, Тетово - три и во Велес двајца оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.538, бројката на оздравени пациенти е 1.682, на починати 169, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.687.

Во согласност со тоа, последната дистрибуција по градови е следна:

• Скопје - 1.592, активни 960

• Куманово - 597, активни 179

• Дебар - 53, активни 2

• Штип - 227, активни 187

• Прилеп - 222, активни 27

• Тетово - 317, активни 147

• Струга - 111, активни 36

• Велес - 149, активни 29

• Битола - 30, активни 3

• Охрид - 46, активни 29

• Кавадарци - 6, активен 1

• Гостивар - 54, активни 31

• Гевгелија - 6, активни 2

• Струмица - 7, активни 4

• Крива Паланка - 7, активен 1

• Радовиш - 4, активни 0

• Крушево - 3, активни 0

• Кочани - 53, активни 22

• Пробиштип - 11, активни 9

• Демир Хисар - 1, активни 0

• Македонски Брод - 2, активни 0

• Пехчево - 3, активни 0

• Берово - 2, активен 1

• Валандово - 3, активни 2

• Виница - 3, активни 1

• Делчево - 1, активни 0

• Кратово - 3, активен 1

• Свети Николе - 5, активни 4

• Кичево - 3, активен 1

• Ресен - 1, активени 1

• Неготино - 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Досега во земјата се направени вкупно 40.004 тестирања на Ковид-19. Денеска, нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 нови, а вкупно хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово во ГОБ „8 Септември“ примени се 22 нови, а вкупно хоспитализирани 57 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.

Во болницата во Битола хоспитализирани се 20 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип хоспитализирани се 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и во Прилеп хоспитализирани се 36 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.