Нови 164 случаи на Ковид-19, починаа две пациентки во Скопје и Тетово

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на Ковид-19, од кои во Скопје - 85, Куманово - 24, Дебар - 3, Штип - 5, Прилеп - 3, Тетово - 18, Струга - 5, Охрид - 9, Гостивар, Свети Николе и Ресен по двајца и по еден во Гевгелија, Крива Паланка, Кочани, Македонски Брод, Валандово и во Неготино.

Во изминатото деноноќие регистрирани се и два смртни случаја како последица на коронавирусот. Во болницата „8 Септември“ почина пациентка од Скопје (53), хоспитализирана како сомнителна на Ковид-19 на 2 јуни и потврдена позитивна по приемот. Во болницата во Тетово почина пациентка (60), хоспитализирана како сомнителна на Ковид-19 на 9 јуни.

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 12 оздравени пациенти, и тоа во: Скопје - 3, Прилеп - 6 и Струга, Велес и Виница по еден.

Во согласност со овие податоци, последната статистика на заразени по градови е следна:

• Скопје - 1.676, активни 1.040

• Куманово - 620, активни 202

• Дебар - 56, активни 5

• Штип - 232, активни 192

• Прилеп - 226, активни 25

• Тетово - 336, активни 165

• Струга - 115, активни 39

• Велес - 149, активни 28

• Битола - 30, активни 3

• Охрид - 55, активни 38

• Кавадарци - 6, активен 1

• Гостивар - 56, активни 33

• Гевгелија - 7, активни 3

• Струмица - 7, активни 4

• Крива Паланка - 8, активни 2

• Радовиш - 4, активни 0

• Крушево - 3, активни 0

• Кочани - 54, активни 23

• Пробиштип - 11, активни 9

• Демир Хисар - 1, активни 0

• Македонски Брод - 3, активен 1

• Пехчево - 3, активни 0

• Берово - 2, активен 1

• Валандово - 4, активни 3

• Виница - 3, активен 1

• Делчево - 1, активни 0

• Кратово - 3, активен 1

• Свети Николе - 7, активни 6

• Кичево - 3, активен 1

• Ресен - 3, активни 3

• Неготино - 17, активни 8 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.701, бројката на оздравени пациенти е 1.694, на починати е 171, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.836.

Досега во земјата се направени вкупно 41.049 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 новозаразени, а вкупно хоспитализирани се 60 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.

Во болницата во Битола хоспитализирани се 25 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти.

Во болницата во Штип хоспитализирани се 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и во Прилеп хоспитализирани се 31 пациент позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Во однос на бројот на заразени во скопските општини заклучно со вчера статистиката е следна:

• Чаир - 2.350

• Бутел - 88

• Аеродром - 87

• Гази Баба - 89

• Центар - 87

• Карпош - 79

• Сарај - 75

• Кисела Вода - 52

• Ѓорче Петров - 39

• Шуто Оризари - 29

• Студеничани - 25

• Арачиново - 30

• Илинден - 20

• Петровец - 7

• Чучер Сандево - 6

• Сопиште - 3

• странец - 2

• неутврден - 2





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.