Со донација на коскена срцевина македонски дарител му помогна на пациент од Бугарија

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена било спроведено колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен донор од нашата земја кој дарува за непознат пациент од Република Бугарија.

„Ова е третпат како донор од Северна Македонија дарува за пациент од друга земја. Клетките се користат за трансплантација на коскена срцевина кај хематолошки болни пациенти. Упатувам голема благодарност за храброста, алтруизмот и хуманоста на донорот кој без двоумење прифати да дарува матични клетки. Со овој чин, спасуваме човечки животи. Спасуваме животи на наши блиски, роднини, пријатели. На пациентот од Бугарија му посакувам побрзо закрепнување“, изјави директорот на Институтот, Седула Усеини.

Секој возрасен здрав човек на возраст помеѓу 18 и 50 години може да дарува коскена срцевина во Институтот за имунологија и хумана генетика.

Преку подигнување на свеста за хуманост, солидарност и запишување во Националниот дарителски регистар, секој граѓанин може да се понуди да спаси човечки живот дарувајќи коскена срцевина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.