Јанушев: Со обновата ќе почне реалното зголемување на платите и пензиите

Носителот на изборната единица 3, Игор Јанушев, ја посети општината Македонска Каменица од каде што порача дека со победата на ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде обновата на Република Македонија, а со обновата ќе дојдат многу мерки и проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните.

„Денеска сме во посета на Македонска Каменица заедно со кандидатот за пратеник г-ѓа Даниела Христова. Планираме да го посетиме пазарот, да поразговараме со граѓаните на Македонска Каменица, ќе имаме и неколку состаноци со целни групи. Она што го добиваме како порака, впрочем и од цела Република Македонија, е дека поддршката е на страна на ВМРО-ДПМНЕ, поддршката е на страна на обновата, поддршката е на страна на Република Македонија. Изминативе денови имавме еден интересен настан каде што СДСМ предводен од Заев организираше митинг што би го нарекол слепа улица, каде што се наоѓа бездна. И тие се обидуваат  да нè повлечат во таа слепа улица и во таа бездна. Но она што македонскиот трудољубив народ го порачува е дека тие сами можат да останат во слепата улица и сами да го продолжат патот кон бездната, ние сите заедно, сплотени и здружени се движиме кон обнова на Македонија“, истакна Јанушев.

Јанушев додаде дека во СДСМ во очај и немоќ стануваат свесни дека губат и паѓаат, а во недостиг на проекти и она што не направиле за државата во овие три години откако се на власт, се бранат со закани.

„Ние ќе продолжиме со презентирање на наши проекти и мерки, ќе кажеме сè што планираме да направиме во овие четири години. И тоа зголемување на платите, зголемување на пензиите, намалување на невработеноста, овозможување нподобар живот за секој еден граѓанин во Република Македонија“, порача Јанушев.

Јанушев вети дека обновата доаѓа на 15 јули, денот кога Република Македонија ќе се исправи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.