Мицкоски: Ќе почнеме со ветинг од политичарите зошто не се сите исти, има и чесни

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од скопски Карпош порача дека на 15 јули се одлучува каква држава сакаме, држава со корупција, криминал или обновена со чесни луѓе.

„ На помалку од две недели од сега на 15 јули граѓаните ќе треба да одлучат во каква држава сакаат да живеат, држава со криминал, корупција или она што го велиме политичко мочуриште или држава со напредни прогресивни сили со чесни луѓе. Тие имаат истрошени политичари, но некако на грбот на народот се уште опстојуваат и немаат што да понудат, ние имаме амбициозни и мотивирани да се справат со предизвиците. Ја чувствувам енергијата на народот кој е за промени, кој сака да си ја врати државата која му беше киднапирана. За тоа да се случи треба масовно, рано наутро да излеземе и да гласаме да заокружиме број 14, да заокружиме за победничката листа. Почетокот на патот е на 15 јули и секој од нас ќе има прилика позади параванот гласно да зборува“, рече Мицкоски.

На граѓаните, Мицкоски им посочи, дека политичкиот противник веројатно ќе дојде и ќе се колне во жицата, во семето, и ќе ве убедуваат дека сега можеле повеќе. Можеа, да можеа, ама не е логично додаде тој, да велат дека им требаат сега уште четири години.

„ Можеа реформи, можеа повисоки плати, пензии. Можеа подобра реформа во судството, а не да бидеме хибриден режим. На дното на Европа сме, можеа наместо да распродаваат достоинство и чест, можеа да напарават подобри договори. И да наместо правда донесоа по некоја Луј Вутон чанта и по некоја трас-трас одлука во судството. Само неправда, срам, понижувања и омаловажувања донесоа. Тоа е таа е суровата реалност, а јас ја одбивам и правам се да ја променам. Треба масовно да се спротивставиме на оваа корупмирана власт, која не пљачкосува и срами, и убеден сум дека тоа ќе смени“, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на неколку економски показатели со кои укажа како се однесуваа оваа власт.

„ Неколку бројки кои ја отсликуваат економијата се следниве, индустриското производство во мај годинава е за 27 проценти помало од истиот период во 2019 година. Потоа, бројката на работници во индустријата е за 5 проценти помала во април, мај од истиот период минатата година. Дефицитот е 26 милијарди денари пари потрошени во обид за поткуп, повеќе од 420 милиони евра заклучно со 30 јуни се потрошени, толку тежи обидот на Зоран Заев да тргува на овие избори“, кажа Мицкоски.

Ова народот го гледа, рече Мицкоски и додаде, „затоа народот ќе им го заврти грбот“. Мицкоски укажа дека ВМРО – ДПМНЕ реформата ќе ја започне од самите политичари.

„ Ние нема да почнеме од судството, туку од политичарите. Тој што се огрешил ќе одговара, ние ќе почнеме од политичарите, ветинг за нив, да видиме кој, како ќе се богател додека работел, како преку ноќ стануваат велепоседници во оваа држава, како цути семејниот бизнис. Еве јас се пријавувам прв да има податоци за мене и за моето семејство, но ќе треба сите по ред. Не можеме да правиме држава ако не знаеме кој се богател на маката на народот, зошто не се сите политичари исти, има и чесни луѓе кои ја љубат татковината, кои сакаат да испишат историја. Ние сме многу различни од нив и тоа заедно ќе им го покажеме на 15 јули. И следниот пат ќе зборуваме за отчетот што сме направиле од читанката Проект – Обнова во кој има и 25 проценти повисока плата, но со јасна методологија и план и 20 проценти раст на пензии, и инвестиции ...“, рече Мицкоски укажувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ и во вакво тешко време може да направи реформи.

На крајот тој ги повика сите граѓани на 15 јули рано наутро, да излезат и да гласаат да се стави крај на обезличувањето, корупцијата криминалот, а тоа како што потенцираше ќе се направи со заокружување на број 14.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.