Спасовски: Ја чистиме калта од режимот кој за себе поставуваше мермер, а за граѓаните стиропор

„Градиме рамномерно насекаде и во градските и во руралните средини, со што градиме Македонија за сите.Ја чистиме калта што ја остави режимот кој градеше со мермер во своите бели дворци, а за потребите на граѓаните употребуваше стиропор.

Ние градиме и рамномерно и по квалитетни европски стандарди.И тоа е логично, затоа што тие меѓународно ја изолираа земјата да крадат, а ние ги обновивме партнерствата со меѓународната заедница, станавме членка на НАТО и отвораме преговори со ЕУ и во нашата држава да ја градиме Европа - дома“, изјави Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ и носител во ИЕ 2.

Според него, во нашата држава го враќаат достоинството на граѓаните со модерна инфраструктура.

„Овде во Ѓорче Петров немаше фекална канализација во Волково, Стопански Двор и Кисела Јабукa – ја поставивме. Вложени се 15 милиони 826 илјади денари. Се гради водоводна мрежа во руралниот дел на Никиштани.Изградивме водоводна мрежа во Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука.Во тек се 4 проекти: изградба на атмосферска канализација за ул.Радушка-Општина Ѓорче Петров, завршување на фекалната канализација и приклучоци на сите куќи во Волково, фекална канализација во Орман и пречистителна станица, за што е веќе готова проектната документација. Работиме на регулација на атмосферската и на фекалната канализација во Хром, на канализација и асфалтирање преку пругата Дексион.

Ние почитувани граѓани поврзуваме.Ги поврзуваме селата со градовите. Се поврзуваме со соседите и регионот. Градиме и автопати и отвораме гранични премини.Градиме 260 километри автопати, 300 километри експресни патишта, 900 километри локални патишта. Рехабилитираме повеќе од 1.500 километри постоечки патни правци. Интензивно се работи на локалната инфраструктура и дополнителни 500 километри водоводи и канализации.Обнова на режимот е опасност и не ни е потребна. Веќе три години ја обновуваме државата што регионот веќе ја препознава како европски пример.За да продолжиме да градиме сигурна иднина, заедно, на 15 јули избираме број три, бидејќи можеме и повеќе и подобро“, додаде тој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.