Николоска: Концептот едно општество е концепт што води напред и носи грижа за сите

Нашиот регион Полог е најголемата мешавина на различни националности, вери и култури во целата држава. Поранешната политика ни направи длабоки поделби и нè убеди дека за секое зло во животот ни се виновни оние другите.

А всушност погледнете околу себе. Како комшии се почитуваме, како колеги се почитуваме, пазаруваме едни кај други и генерално сите што ги знаеме а се од друга национална припадност или вера ги почитуваме. Поделбите се наметнати, а се неприродни, затоа и го воведовме концептот eдно општество за сите, истакна пред гостиварчани носителката во шестата изборна единица од СДСМ, Фаница Николоска.

Истовремено додаде и дека „за овие две и пол години јасно го фативме евро-атлантскиот пат. Видовте дека можеме. Дека сите тие измислени, непремостливи пречки беа само изговор да се изолираме од светот, за една мала група луѓе да ве манипулира и да ви ги краде парите. Наместо суштински реформи, добивте споменици. Наместо праведно судство, добивте нарачани пресуди и судии од тефтерчиња. Наместо социјална помош, добивте скапо платени реклами кои го поматуваа умот со националистички идеи.”

По 11 години пекол, додаде таа, видовте дека само за две и пол години можело да влеземе во НАТО, да ги започнеме европските интеграции и да добиеме поддршка од целиот демократски свет.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.