Објавен разговорот меѓу Заев и лажната Грета Тунберг

Руските пранкери Владимир Кузнетсков и Алексеј Столиров го објавија разговорот со поранешниот премиер Зоран Заев, кој мислел дека разговара со активистката против климатските промени Грета Тунберг и нејзиниот татко.

Разговорот е снимен минатата година. Во него се слуша како лажната Грета го наведува Заев да зборува за Доналд Трамп и за Емануел Макрон, за спорот со името и бара од него да затвори еден од двата аеородроми поради загадувањето, со што Заев се согласува.

Во ноември минатата година советникот на Заев, Марјан Забрчанец, соопшти дека разоткриле хибриден напад врз кабинетот на премиерот, при што бил злоупотребен идентитетот на младата екоактивистка Грета Тунберг.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.