Лукаревска: Ја вративме слободата, вложуваме во човечкиот капитал

Бескомпромисно се боревме да ја вратиме слободата и успеавме, вложувавме во човечкиот капитал наместо во погрешни инвестиции, се боревме да ги задржиме младите тука дома, не ги бркавме од државата, се боревме за граѓаните а не ги уценувавме, решававме проблеми а не ги создававме, ги враќавме парите кај граѓаните. Ова е нашата заложба и за вториот мандат, рече Лукаревска, носител на изборна листа во ИЕ2 на централната трибина на коалицијата „Можеме“ во Скопје.

„Колку ли работни места ќе се отвореа ако 650.000 евра не отидеа за кич, барок, стиропор и лажен сјај. Колку ли платите ќе се зголемеа ако не се расфрлаа пари на галии и на скапи палми, колку ли ќе се вложуваше во човечкиот капитал ако не се даваа парите за белата палата на ВМРО ДПМНЕ од којашто гласно бараат обнова, а тоа значи обнова на режим. Тоа не смееме и нема да го дозволиме. Ја барам вашата поддршка на 15 јули, барам да ни дадете шанса за втор мандат, да излезете да гласате за бројот 3 затоа што бројот 3 значи повисоки пензии и плати, бројот три нè носи на европскиот пат, бројот три значи напредок и развој, заедништво и благосостојба“, порача Лукаревска.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.