Уште два дена кампања

Уште два дена ќе трае предизборната кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат в среда.

Денеска и утре политичките партии ќе ја бараат довербата на граѓаните, а во недела од полноќ ќе настапи молк.

На 13 јули (понеделник) ќе гласаат лицата со ковид-19 и во самоизолација, на 14 јули (вторник) болните, немоќните, хронично болните и лицата во затворите и во домашен притвор.

Поради состојбата со ковид-19 за остварување на правото на глас на лицата позитивни на болеста и во самоизолација формирани се околу стотина здравствени избирачки одбори составени од по тројца здравствени работници и претставници на политичките партии.

На гласање на 15 јули, сите 3.840 избирачки места ќе бидат дезинфицирани од ДИК. Согласно протоколот, секој гласач е должен да држи растојание од два метра пред објектот на гласачкото место, како и пред влезот на секое гласачко место, и во самото гласачко место. Пред влегување е должен да ги дезинфицира рацете и должен да носи маска.

Денот на одржувањето на изборите ќе биде неработен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.