Нови шест тужби поднесени до Управниот суд, меѓу кои две од ВМРО-ДПМНЕ

До Управниот суд попладнево се поднесени и заведени уште шест тужби по однос на одбиените приговори од Државната изборна комисија, а кои се однесуваат на предвремените парламентарни избори.

Како што информираат од судот, две од тужбите се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „Обнова на Македонија“, две поднела политичката партија Демократи, една од Единствена Македонија и Коалиција “Никогаш Северна само Македонија”, и  1 тужба од МОРО – Работничка партија.

Претходно денеска судот отфрли 40 тужби поднесени од Алијанса за Албанците/Алтернатива и една од Интегра.

Политичката партијата Левица, поднесе 101 тужба по однос на одбиените приговори од страна на ДИК.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.