Гостивар со најмногу новозаразени во изминатото деноноќие

Гостивар е на врвот на листата со најмногу новозаразени од коронавирус во земјава во изминатите 24 часа.

Според податоците на Министерството за здравство, во Гостивар се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус, а во Скопје каде секојдневно се забалежани најголем број на новозаразени денеска се потврдени 14 нови случаи.

Во Гостивар за речиси една недела, регистрирани се 100 нови случаи на коронавирус.

Овој град во моментов има 282 активни случаи, што го прави трет по бројот на заразени, зад Скопје и Штип кои имаат 1.363 и 430 активно заразени лица со коронавирус.

Инаку, денеска беа потврдени 74 нови случаи на ковид-19. Излечени се 90, а починаа 3 лица.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.