Променливо облачно, попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На места, особено попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд, а попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 26 степени.

До недела ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен дожд, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Од понеделник се очекува постабилно време. Дневните температури ќе бидат во пораст.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.