Арсовски: Антикорупциската да истражи зошто СДСМ нема покритие за над 700.000 евра

Денеска поднесовме претставка до Антикорупциската комисија, да отвори случај, да истражи на кој начин и како се финансирала СДСМ во кампањата за предвремените парламентарни избори, каде што немаат поднесено извештај за потрошена прилично голема сума од над 700.000 евра, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Над 200.000 евра имаат потрошено на закуп за рекламни паноа и билборди, а над 500.000 евра имаат потрошено за рекламирање на социјалните мрежи, Фејсбук, Инстаграм и останатите каде што можат да се рекламираат, но немаат покритие за истите пари“, обвини Арсовски.

Како што рече тој, сомнежот на граѓаните и на јавноста е дека овие пари се финансирани од рекетирањето на бизнисмените кое го правело СДСМ.

„СДСМ на овие избори изврши изборен грабеж, изборен поткуп, а тоа го преточи, освен надвор на терен и во институциите како гласањето на Уредбата во Владата на пет минути пред завршување на вонредната состојба за двојно намалување на средствата за рекламирање и минутите на опозицијата, потоа и со непријавувањето на овие суми на пари, над 700 илјади евра“, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека очекуваат брза реакција од институциите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.