Утре почнуваат Денови на македонскиот мед

Шеснаесеттите Денови на македонскиот мед ќе бидат отворени утре, 24 септември, во 11 часот во Скопје на улица Македонија, во организација на Пчеларското здружение „Матица“.

Манифестацијата ќе ја отворат министертсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

На штандови поставени на улицата Македонија ќе бидат изложени пчелни производи од пчелари од цела Македонија, а посетителите ќе можат да дегустираат мед и да се информираат за матичниот млеч, поленот и прополисот како здрава храна.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.