Отворен централниот турнир во мал фудбал во спомен на загинатите бранители
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 17 Октомври 2020
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го отвори централниот турнир во мал фудбал, во чест на загинатите бранители на Република Северна Македонија 2001-2015, кој се одржа во малата сала на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, под покровителство на Министерството за внатрешни работи.
„Сеќавањето има една благородна цел - преку зближувањето да го направиме споменот траен, бесмртен. Таквата традиција, независно како се манифестира, е важна, хумана и достоинствена. Драго ми е што и овој пат повторно ја имам честа во име на Министерството за внатрешни работи, но и во свое име, да бидам дел од еден таков чин, на спортско—меморијална манифестација, преку која повторно го оживуваме споменот на нашите колеги и пријатели, што ја дадоа најскапата можна жртва во името на слободата и мирот, за одбрана на татковината, а тоа е човечкиот живот“, истакна Спасовски, изразувајќи задоволство што овој меморијален фудбалски турнир прерасна во убава традиција, која дава можност не само за другарување и натпреварување, туку и да се оддаде должна почит кон оние заради кои што и постои турнирот – хероите бранители.
„Тоа е доблесно, дури би рекол – неопходно, затоа што претставува наша должност и обврска да ги изразиме нашата благодарност кон нашите херои и огромната почит кон семејствата на загинатите бранители“, порача Спасовски, прогласувајќи го турнирот за отворен и им посака на учесниците, во духот на спортското натпреваруварување, успех и добри резултати.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс