Мисајловски: Заев да го каже својот став за Гоце Делчев и македонскиот јазик ВИДЕО

Зоран Заев да го каже својот став за Гоце Делчев и македонскиот јазик, доста се крие зад празни флоскули, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Мисајловски вели дека Заев молчи во врска со изјавите на врни бугарски политичари дека Гоце Делчев е бугарин, а македонскиот јазик дека е лингвистичка форма на бугарскиот.

„Заев со своето молчење ја понижува македонската нација и распродава нешто што не е негово, туку на народот. Господине Заев кој е вашиот став за Гоце Делчев и за македонскиот јазик и зошто не реагирате на бугарските понижувања на нашата нација?! Дополнително зошто владата не упати протестна нота до Бугарија, по изјавата на Каракачанов дека ќе испрати армиски полк да ги руши спомениците на македонските револуционери во Скопје?! Дали господине Заев тргувате со Гоце Делчев и со македонскиот јазик?! И дали потклекнувате пред бугарските закани?!“, праша Мисајловски.

Тој рече дека нема ништо од ветените преговори со ЕУ, бидејќи власта е заглавена во криминал. Нема меѓународен извештај, вели Мисајловски, кој не сведочи за корумпираноста на владата, и тоа е лошо за државата.

„Господине Заев мора да знаете дека Македонија не е вашата фирма од Струмица. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да ја разграбувате државата. Македонија мора да почне преговори со ЕУ. А вие не смеете да ги продавате Гоце Делчев и македонскиот јазик. Доколку тоа го сторите, ВМРО-ДПМНЕ веднаш откако ќе дојде на власт ќе ја поништи таа одлука и договор и никогаш нема да ја почитува. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи разградување на Македонија“, додаде Мисајловски.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.