Mицкоски бара оставки: „Умираат дневно повеќе луѓе отколку во Втората светска војна“

Баталете ги дневно политичките мешетарења Заев и Филипче, луѓе ви умираат затоа што нема слободни кревети, пишува опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.

„Излезете надвор од стаклената кутија што самите ја создавате, излезете надвор и чујте го плачот на народот. Прекинете со парадерските прес-конференции и решавајте проблеми. Денес во државата дневно повеќе луѓе умираат во споредба со Втората светска војна. За 4 години, колку што траела тука окупацијата, во војната се губеле 17 луѓе дневно. Денес со оваа неспособна власт бројката е 30 до 40 луѓе дневно“, вели Мицкоски.

Баталете ги дневно политичките мешетарења Заев и Филипче, луѓе ви умираат затоа што нема слободни кревети.

Излезете...

Posted by Hristijan Mickoski on Monday, November 23, 2020

Тој порача дека премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, треба да поднесат оставки, бидејќи така повеќе луѓе би биле спасени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.