Сончево и стабилно време, со ниски утрински температури

Времето ќе биде сончево со умерена, а повремено со значителна облачност. Ќе дува умерен, по должината на Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

Во Скопје умерено до значително облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 10 степени.

Во следните денови продолжува стабилното и сончево време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.