Шахпаска: Заложбите за поголема инклузија на лицата попреченост се преточуваат во конкретни проекти и програми

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставниците од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово.

На средбата се разговараше за активностите и проектите на ова здружение во насока на подобрување на условите и можностите на лицата со попреченост во општествениот живот и меѓусебната соработка со Министерството за труд и социјална политика.

Како особено важни за процесот на поголема инклузија на лицата со попреченост беа посочени, воспоставувањето на Национален регистар на лица со попреченост, новиот Закон кој Министерството за труд и социјална политика сериозно го подготвува, а се однесува на вработувањето на лицата со попреченост, социјалната услуга поддржано вработување и Комисиите за функционална проценка на нивната работоспособност за да можат да бидат вклучени на пазарот на трудот.

Личната асистенција е од особено значење на лицата со попреченост и во насока на подобар одговор на нивните потреби соговорниците се согласија дека потребно е намалување на возрасната граница на корисниците на оваа социјална услуга.

Соговорниците ја потврдија заедничката заложба за соработка и во иднина со цел создавање на добар систем на градење приоритети кои се од клучно значење за лицата со попреченост.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.