Филипче: Бидете максимално одговорни во претстојниот период на слави и прослави
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 29 Ноември 2020
Министерството за здравство апелира до граѓаните во периодот на слави кој престои максимално да бидат одговорни и да ги почитуваат мерките за заштита.
Министерот за здравство д-р Венко Филипче вчера за време на посетата во Прилеп, предупреди дека домашните прослави и групирања беа главна причина за време на првиот бран да се влоши епидемиолошката состојба и апелираше да не дозволиме повторно тоа да се случи. Граѓаните треба да бидат максимално одговорни и да ги почитуваат мерките за заштита кои беа донесени на почетокот од месец ноември.
Со измените на Законот за здравствена заштита се забранува собирања во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор во текот на целиот ден.
Задолжително носење на заштитна маска на отворено и во затворени простории, како и одржување на лична хигиена, задолжително често темелно миење на раце со сапун и вода или средства за дезинфекција, одржување на физичка дистанца од два метри секогаш кога тоа е возможно. Одговорноста за заштита на сопственото здравје, здравјето на најблиските и јавното здравје е обврска на секој граѓанин.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс