Бензините и дизелот поскапуваат

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 1 и за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Со денешната одлука малопродажните цени на бензините еуросупер  БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1 денар, додека малопродажните цени на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,5 денар за литат.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,020 денари за килограм.

Новата цена на еуросупер БС - 95 е 60,5 денари, на еуросуперБС -98 62,5 денари, на еуродизел БС (Д-Е V) 53 денари, на масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 53 денари за литар, а на мазутот 28,501 денари за килограм.

„Одлуката за зголемување на нафтените деривати е резултат на растот на берзанските цени на суровата нафта и нафтените продукти. Растот на светските берзи на референтните цени на суровата нафта и нафтените деривати се должи поради неколку фактори и тоа: оптимизмот што ја предизвика информацијата за почеток на масовно вакцинирање, враќањето во нормала на индустрискиот сектор во Европа, што, пак, предизвикува зголемување на побарувачката, а од друга страна го имаме третиот фактор, а тоа е недефинираната идна стратегија за производство кај земјите на ОПЕК и коалицијата, што резултира со намалување на залихите од сурова нафта од почетокот на пандемијата“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,323%.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.