(Видео) Сајкоски: Владата на Заев нема план за ниедно прашање, веднаш да си поднесе оставка

ВМРО-ДПМНЕ, денеска, во Струга, и уште во 10 града во Македонија, протестира. Ги повика граѓаните на Македонија да го кренат својот глас, рече Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, од протестот за оставка на Заев, слобода на народот, во Струга.

„Ние македонските граѓани изминатиов период увидовме дека Владата на Заев нема план. Нема план ниту во здравството, ниту во економијата ниту да ја развива Македонија. Граѓаните на Македонија увидоа дека Владата на Заев нема план ниту за договорот со Бугарија.

Иако нè убедуваа дека во 2017 година е завршено со Бугарија и договорот е завршен, ние денеска увидовме дека договорот не само што не е завршен туку и ќе се ревидира. Затоа, порачуваме - да се прекине со катастрофалните лоши политики и Заев мора да си поднесе оставка.

Македонскиот народ му порачува на Заев дека не може да ни биде избришана македонската свест.

Не може да се подлегне по меморијата на граѓаните што ни ја пренеле нашите предци. Не може да ни биде одземен мајчиниот јазик, македонскиот јазик. Не може да ни биде одземена државата.

Ниту интегритетот на нашата држава да ни биде нарушен. Бидејќи нашата држава ни е наследство од нашите предци.

Затоа, го повикуваме, бидејќи не може да им ги реши проблемите на граѓаните во Македонија, веднаш да си поднесе оставка. Тоа е барањето од народот“, порача Сајкоски.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.