Сончево со температура до 15 степени

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. По котлините значително облачно или со појава на магла, особено претпладне.

Во јужните делови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 4, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.

Во Скопје претпладне ќе има начителна ниска облачност, која во текот на денот ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 9 степени.

И в четврток ќе се задржи стабилно и суво време, по одделни котлини со појава на магла и значителна ниска облачност. Под влијание на влажен бран од петок попладне до недела ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините со снег. Поради продор на студена воздушна маса од север, в сабота кон крајот на денот висинската граница на снежните врнежи ќе се спушти и под 1.000 метри, па снег ќе има и во повисоките населени места, особено во западните делови од земјава.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.