Поради минирање, во прекин сообраќајот на патот Кичево-Охрид
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 30 Декември 2020
Поради изведување работи на пат (минирање) на патниот правец Кичево – Охрид кај с.Врбјани во период помеѓу 12:00 и 15:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин од 10 до 15 минути.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс