Поради снежните врнежи, забрана за товарни возила на два патни правца

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а снег вее на целата територија на Македонија, информираат од Авто-мото сојузот (АМСМ).

Од таму додаваат дека поради снежни врнежи, воведена е забрана за движење на камиони на патниот правец, крак Маврово - Дебар. Поради истите причини, денеска од 18.50 часот ваква забрана е воведена и на преминот Стража.

Според информација од ЈП „Македонијапат“, сообраќајот на патниот правец А3 Кочани - Македонска Каменица, на делницата од Истибања до браната „Калиманци“, кај местото Ајдучки Камен, е целосно во прекин поради одрон.

За лесните патнички возила сообраќајот се пренасочува преку регионалниот патен правец Кочани - Виница - Бигла - Делчево.

Тешките товарни возила и автобуси се пренасочуваат преку регионалниот патен правец Кочани - Виница - Берово - Делчево.

Од АМСМ ги потсетуваат возачите дека во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март годинава.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.