ВМРО-ДПМНЕ: Царовска сака предметот историја да го избрише на насилен начин

Откако не и успеа манипулацијата со финскиот модел, Царовска сака предметот историја да го избрише на насилен талибански начин, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Царовска ако сака и во својот Гучи шал од 370 евра нека ја обвие својата намера за наводни реформи, пак не може да ја покрие политичката позадина на оваа операција.

Мила Царовска очигледно по секоја цена е решена да ја спроведе нејзината антиреформа во образованието, со која се брише предметот историја како засебен предмет во основното образование. Таа избегнува јавна дебата од јасна причина што сите релевантни субјекти се противат на оваа одлука, почнувајќи од МАНУ, Институтите, универзитетите, професорите и останатите експерти.

Целта на Царовска е јасна, преку насилен начин, нетранспарентно да го укине овој премет од образованието во ек на негирање на македонската историја. Обидот тоа да го престави како наводен фински модел не и успеа, па сега се обидува на талибански начин да му “учини“ на Заев во неговата анационална и предавничка политика од која несогледливи последици ќе има не само образовниот систем, туку и идентитетот и македонската историја.

Јавноста и граѓаните на ваквите штетни антиреформи остро се спротивставува и нема да дозволи некој да им наметнува одлуки кои го погазуваат секое достоинство. ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот ќе застане против секое насилно менување на историската меморија во Македонија“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.