Во Македонија 336 нови случаи на коронавирус, 10 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 336 нови случаи на коронавирус, 10 лица починаа, а 385 се оздравени, соопшти Министерството за здравство.

Направени се 1.964 тестирања. Најмногу нови случаи се потврдени во Скопје - 145, во Кавадарци се потврдени 27 случаи, Охрид - 25, Прилеп - 17, Тетово - 15, Куманово - 13, Велес - 13, Битола - 12, Делчево - 10, Струга - 10, Гостивар - 7, Гевгелија - 5, Берово - 5, Струмица - 4, Ресен - 4, Радовиш - 4, Кичево - 3, Свети Николе - 3, Неготино - 3, Крива Паланка - 2, Пробиштип - 2, Македонска Брод - 2, Крушево - 2, Демир Капија - 2, Кочани - 1.

Регистрирани се 385 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје - 213, Прилеп - 27 , Куманово - 23, Кавадарци - 23, Тетово - 17, Велес - 15, Штип - 12, Кочани - 9, Дебар - 7, Крива Паланка - 5, Радовиш - 5, Битола - 4, Кичево - 4, Гостивар - 3, Берово - 3, Демир Капија - 3, Свети Николе - 2, Гевгелија - 2, Пробиштип - 2, Кратово - 2, Охрид - 1 , Неготино - 1, Македонски Брод - 1, Крушево - 1.

Починати се 10 лица - пет пациенти од Скопје (53, 61, 81, 84 и 86), по еден од Кавадарци (72), Гостивар (61), Кочани (49), Охрид (83) и Прилеп (68). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 449.995 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91.891, бројката на оздравени пациенти е 80.393, на починати е 2.831, а бројот на активни случаи изнесува 8.667.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.