Облачно и дождливо со температура до 14 степени

Претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Во текот на денот облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието претпладне засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.

Во Скопје во раните претпладневни часови ќе има слаби врнежи од дожд, а потоа облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.