МОН: Должни сме да обезбедиме матура, бојкотот e неоправдан и неприфатлив

Министерството за образование и наука и Владата се должни и ќе ја спроведат матурата за да обезбедат можности за сите над 14.000 ученици коишто ја пријавија да ја полагаат и да продолжат да учат и да се запишат на факултет, се наведува во соопштение на ресорното министерство.

„Неодоговорно е да им се ускрати правото на оние кои решиле да продолжат на факултет. Учениците коишто не планираат да продолжат на факултет, имаат избор да полагаат само училишна матура и стручен испит. Државната матура оваа година ќе се полага по скратена и променета методологија како што МОН уште на почетокот на учебната година одлучи, а со тоа беа сложни и матурантите и средношколските здруженија и наставниците и родителите“, велат од МОН.

Од таму додаваат дека бојкотот на група матуранти не оди никому во прилог и во овој случај е целосно неоправдан.

„Бојкотирање на оваа суштинска должност и одговорност е неприфатлива. Апелираме дека образованието мора да продолжи да тече дури и во услови на пандемија, бидејќи се работи за иднината на младите генерации“, посочуваат од ресорното министерство.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.