Вучиќ му ги предаде првите дози вакцини на Заев

Претседателот Александар Вучиќ денеска му го предаде на премиерот Зоран Заев првиот контингент вакцини што Србија ни ги донира. Пратката содржи 4.680 вакцини на компанијата „Фајзер“, неопходни за имунизација на граѓаните против коронавирусот.

„ Како израз на драгоцен чин на солидарност соседна Србија споделува 4680, од вкупно 8000 вакцини. Ова е израз за пријателска помош додека да стиигнат вакцините што ние ги нарачавме. Ништо не е завршено, кризата трае, останува да бидеме внимателни, но оваа планетарна криза го извади човечкото од нас. Да ги негуваме за секогаш и за идните предизвици. Овој чин им даде пријатлеска рака на нашите сораѓани и тоа е алка на поврзување на двете земји. Вакцините ќе влезат во планот за имунизација. Утврдени се приоритетни групи, кои штитат од Ковид-19.Благодарам што го помагате нашето јавно здравје“ , рече премиерот Заев.

Според претседателот Вучиќ, ова е пријателски чин а одложувањето од минатата недела било поради документација која ја барала компанијата Фајзер.

„ Среќен сум што можевме ова да го направиме ова. Имавме проблеми за дозвола за извоз, но ги надминавме. Среќен сум што може да почнете со имунизација. Србија нема друг интерес освен да покажува пријателство кон македонскиот народ, да имаме економска размена, да живееме како најдобри пријатели. Ова е најобичен подарок кој сум сигурен дека и вие ќе ни го дадевте. Вистинскиот пријател е оној што ќе ви се најде кога ви е најтешко, се надевам дека оваа количина ќе биде доволна за медицинскиот пероснал, и се надевам дека наскоро ќе стригнат другите дози“, рече Вучиќ.

Вучиќ истакна дека договорот со „Фајзер“ вели дека немате право да ги давате вакцините на некој друг и на тој начин компаниите го заштитуваат својот произвоид но тие донеле документи за транспорт.

Ова е половина од претходно договорените околу 8.000 дози што Србија ќе ѝ ги обезбеди на Северна Македонија.

Покрај оваа пратка се очекува и испорака на 200 илјади дози вакцини од Кина, за кои е потпишан договор во понеделникот.

Интерес за вакцинирање преку онлај апликацијата до вчера имаа иразено над 40000 граѓани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.