МВР го бара Мијалков, Судот му определи притвор поради опасност од бегство

Полицијата го бара ексидиректорт на УБК, Сашо Мијалков, откако претходно Кривичниот суд му определи куќен притвор со 24 часовен надзор, поради опасност од бегство.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција вчера, 21 февруари, во 15 часот до Основниот кривичен суд Скопје доставило предлог за определување мерка притвор против Мијалков обвинет во предметот „Таргет-тврдина“, заради постоење на сомнение за евентуално бегство.

Од Судот информираат дека иако рокот за постапување по барањето за притвор законски е 24 часа, поради итноста и поради сомневањето за бегство, веднаш било донесено решение со кое на Мијалков му бил определен куќен притвор со 24 часовен надзор како и видео и електронски надзор.

Од Судот велат дека во 18:30 часот решението веќе било испратено до МВР како надлежни за понатамошно постапување.

Против ова решение странките имаат право на жалба преку овој суд до Апелациониот суд Скопје во рок од 24 часа.

Од МВР засега нема информации за случајот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.