Николовски: Јасно се гледа дека постои договор помеѓу Мијалков и власта

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа до власта дека за 24 часа очекуваат да го обезбедат бегалецот Сашо Мијалков и да го изнесат пред лицето на правдата за да одговара за делата кои му ги изрекол судот.

Александар Николовски на партиската прес-конференција рече дека доколку власта дозволи да избега Мијалков, да си поднесе оставка веднаш.

„Криминалната коалиција Вице и Зоран и Сашо Мијалков ја доби својата кулминација. Како што знае јавноста, кога на 22 октомври пред три години  го исклучивме Сашо Мијалков од партијата знаевме дека постои криминална коалиција Вице, Зоран и Мијалков, кои работат на уништување и разнебитување на Македонија. Наградата од Зоран Заев стигна овој викенд,  се овозможи тој да избега од правдата, имаме бегалец од правдата. Додека Оливер Спасовски и Радмила Шеќеринска ги нема никаде, Зоран Заев жали и ја префрла вината. Имаат 24 часа да го обезбедат бегалецот од правдата. Зоран Заев и Оливер Спасовски да го обезбедат затоа што се потврдува дека со Македонија владее криминална коалиција, којашто ги руши основните вредности, системот на владеење на правото, која влијае врз бизнисите и ги ректира, со Македонија владее крими колација. Затоа очекуваме во следните 24 часа да го обезбедат бегалецот Мијалков“, рече Николовски.

Одговарајќи на новинарско прашање дали очекува власта да го испорача Мијалков во следното деноноќие, тој рече дека се сомнева дека ќе биде изнесен пред лицето на правдата и додаде.

„Од ова власт не можеме тоа да го очекуваме, затоа што јасно се гледа дека постои договор помеѓу него и власта. Или ќе му се овозможи да избега или во стилот на Пабло Ескобар добиваат на време да ги договорат условите под кои тој би се предал“, додаде Николовски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.