ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски веднаш да даде оставка, знаел за бегството на Мијалков

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски да даде оставка веднаш, бара ВМРО-ДПМНЕ, по бегството на Сашо Мијалков.

„Оливер Спасовски да си даде оставка веднаш. Додека Спасовски ажурира членство по куќи Сашо Мијалков му побегна пред очи. Иако институциите знаеле уште од саботата дека постои опасност да бега МВР 24 часа не преземале ништо и чекале да побегне. Според информациите кои излегоа во јавноста институциите знаеле уште во саботата во 16 часот дека постои опасност од бегство на Сашо Мијалков, но не преземале ништо. Чекаа да помине цел ден и Мијалков да избега“, велат од партијата.

Доколку Спасовски знаел дека Мијалков ќе бега, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ, зошто не ги преземал сите неопходни мерки против негово бегство и зошто дозволил Мијалков да побегне?

Според ВМРО-ДПМНЕ,со самиот факт што Спасовски знаел за бегството на Мијалков и не преземал ништо говори дека Спасовски свесно го пуштил Мијалков да избега.

„Постои основан сомнеж дека има договор Заев - Спасовски - Мијалков за бегството на Мијалков и Спасовски мора веднаш да си даде оставка. Секој поминат ден на чело на МВР е штетен за државата. Оставка веднаш“, се наведува во соопштението.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.