(Видео) Шахпаска: 1 март- Ден на нула дискриминација

По повод 1 март - Денот на нула дискриминација, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, порача дека владата и министерството за труд и социјална политика, имаат направено сериозен исчекор во борбата против дискриминацијата.

„Преку широка и отворена дебата успеавме да го усвоиме Законот за спречување и заштита од дискриминација. За прв пат како дискриминаторски основи ги вклучивме и сексуалната ориентација и родовиот идентитет, како дел од основните човекови права и слободи“, истакна Шахпаска.

Таа ја потенцираше транспарентната постапка за избор на професионалната Комисија за спречување и заштита од дискриминација, која има задача ефикасно, објективно, независно и принципиелно да работи во интерес на граѓаните.

„Градиме еднакво општество за сите, водени од тоа дека секој има право на достоинствен живот без оглед на возраст, пол, расна и етничка припадност или убедување. Секој човек е различен и секој човек има право на избор. Впрочем, убавината на општеството ја прават различностите,“ порача министерката Шахпаска.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.