Ноќеска пукање во Топанско поле, мртви две лица

Двајцата убиени во кои ноќеска беше пукано се од Скопје, на возраст од 24 и 28 години, велат од МВР за „Макфакс“. Тие биле пронајдени мртви, а пукањето било пријавено од лица кои случајно се затекнале на местото и слушнале пукање.

На местото се пронајдени повеќе чаури од пиштол и автоматска пушка. Убиството се случи доцна ноќеска, пред три часот, на улицата „Македонско-Косовска бригада“.

Убиените се превезувале со патничко моторно возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки. Итната медицинска помош констатирала само дека двете лица не давале знаци на живот. Остануваат непознати причините за двојното убиство, а од полицијата велат дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Уште доцна ноќеска многубројни полициски екипи се излезени на терен за расчистување на убиството. Сведоци на крвавиот настан биле и соседи кои биле разбудени од гласните пукотници.

Увидот на терен и натаму трае, а неофицијално, на разговор веќе се повикуваат лица од кои може да се дознаат повеќе детали за тоа што се случувало ноќеска при убиствата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.