ВМРО-ДПМНЕ е спремно да разговара за експертска влада ако ја води натпартиска личност

ВМРО-ДПМНЕ е спремно да разговара доколку експертската влада биде на чело со човек којшто би бил заеднички прифатлив, натпартиска личност што може да ја води државата напред до локалните избори, а потоа да се организираат предвремени парламентарни и локални избори, изјави Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на прашањето колку е прифатлив предлогот на Заев за широка влада.

„Заев со денешната изјава за широка влада прво потврди дека на Македонија ѝ е потребна нова и поинаква Влада, второ мислам дека тезата на Заев потврдува и друго нешто за сегашната влада и сегашното мнозинство се неефикасни и немаат капацитет да се носат со реални и сериозни проекти во време на криза, и трето ВМРО-ДПМНЕ уште пред неколку месеци кажа дека на Македонија посебно пред изборите многу подобро би и дошло да има експертска влада, којашто ќе има капацитет да има поширока поддршка и да понуди реални проекти за излез од оваа криза, што Заев не е способен да ја менаџира“, истакна Милошоски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.