Нема нови мерки, останува полицискиот час од 22 до 05 часот

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција изјави дека на утринскиот состанок на Комисијата за заразни болести било констатирано дека актуелните мерки и рестрикции остануваат на сила, односно забраната за движење по 22 часот до 05 часот.

Тој рече дека засега состојбата не бара воведување посторги мерки, но постојано ќе се следи и следната недела Комисијата пак ќе има состанок, кога ќе одлучи дали ќе има потреба за воведување нови построги мерки.

„ Притисокот во Скопје е голем, правиме систем на менаџирање на скопските клиники. Има одреден број на слободни кревети, одделенијата на интерните клиники повторно се ковид центри“, нагласи Филипче.

Тој додаде дека во изминатите 4 недели има константо зголемување на бројот на заразени со коронавирус.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.