Викендов обилни врнежи од дожд и снег

Под влијание на влажен бран, од сабота до понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, на планините од снег.

Поради продор на студен воздух повремено врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од пониските места. Пообилни врнежи ќе има во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник (локално над 30л/м2), соопшти УХМР.

На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а нова ќе има и во некои од пониските места. Од понеделник до среда ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 60 км/час.

Преодно стабилизирање ќе има во вторник, а во среда се очекуваат нови локални врнежи со послаб интензитет.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.