Владата го разреши директорот на ДПИ Стојко Пауновски

Владата на денешна седница го разреши директорот на Државниот пазаран инспекторат Стојко Пауновски поради негово „непрофесионално однесување“, беше соопштено од страна на Владата на Фејсбук.

„Оваа консензуално донесена одлука е донесена според Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата и според Законот за државен пазарен инспекторат“, стои во владиното соопштение.

Согласно член 10, став 1 од Законот за Државен пазарен инспекторат (ДПИ) според кој Владата го именува и разрешува...

Posted by Влада на Република Северна Македонија on Вторник, 27 април 2021

Смената на Пауновски доаѓа откако тој изминативе денови реагираше и одби да ги прифати 35-те рамковно вработени кои беа доделени на ДПИ од страна на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Тој рече дека не може да ги преземе во Државниот пазарен инспекторат сите 35 вработени што му ги определила Владата, туку само оние кои имаат соодветно образование. Премиерот Заев го најави разрешувањето деновиве, велејќи дека јавното спротивставување на Пауновски е пркос кој не е дозволен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.