Пауновски благодарен на сите кои во неговиот пркос препознале намери за стручна и независна институција

По денешната одлука на владата и официјално да го разреши од позицијата директор на Државниот пазарен инспекторат, сега веќе разрешениот Пауновски во својот натпис на Фејсбук се заблагодарува на поддршката која деновиве му ја дале граѓаните и вработените во институцијата каде работел.

Огромна благодарност до сите граѓани кои во мојот “пркос” ги согледаа моите искрени намери и желба за силна, стручна и...Posted by Stojko Paunovski on Вторник, 27 април 2021

Огромна благодарност до сите граѓани кои во мојот “пркос” ги согледаа моите искрени намери и желба за силна, стручна и независна европска институција, напиша Пауновски.

Претходно денеска и владата соопшти дека го разрешува директорот на Државниот пазаран инспекторат поради како што беше нагласено во соопштението објавено на Фејсбук „непрофесионално однесување.

„Согласно член 10, став 1 од Законот за Државен пазарен инспекторат (ДПИ) според кој Владата го именува и разрешува директорот на ДПИ, на денешната седница Владата го разреши Стојко Пауновски од функцијата директор на ДПИ, поради неговото непрофесионално однесување. Оваа консензуално донесена одлука е донесена според Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на владата и според законот за Државен пазарен инспекторат“, беше напишано во соопштението од владата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.