Во Македонија досега се вакцинирани повеќе од 76.000 луѓе

Во Македонија досега се вакцинирани 76.937 граѓани, а две дози примиле 15.334 луѓе, соопшти Институтот за јавно здравје.

Вакцинацијата во земјава почна на 17 февруари, а засега се достапни вакцините на „Фајзер“, на „Астразенека“, руската вакцина „спутник В“ и кинеската вакцина „Синофарм“.

Од 5 април зпочна масовна вакцинација во салата „Борис Трајковски“, каде што покрај здравствени работници беа вакцинирани и лица од критичната популација.

„Заклучно со 2.5.2021, со 'фајзер/бионтек' вакцинирани се вкупно 19.858 (15.933 со прва доза и 3.925 со втора доза), со 'спутник В' се вакцинирани 34.177 (22.768 со прва доза и 11.409 со втора доза), со вакцината на 'Астразенека“ вкупно се вакцинирани 21.949 лица и со 'Синофамр' се вакцинирани 953 лица“, соопшти ИЈЗ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.