Во болниците во Македонија од коронавирус се лекуваат 748 пациенти

Вкупната бројка на пациенти позитивни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 748 и има околу 920 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид - центрите во Скопје се хоспитализирани 13 нови пациенти, а вкупно се лекуваат 319 лица. Дома се пуштени 29 оздравени пациенти.

„Бројот на приеми во изминативе денови во ковид - центрите во Скопје се намалува и утрово до 8 часот имало 380 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“, велат од МЗ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.