Вкупно 38.806 граѓани досега добиле две дози на вакцина против коронавирус

Во Македонија вкупно се аплицирани 259.577 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.806 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Прва доза вакцина вчера примиле 4.123 граѓани, а се вакцинирале 4.148.

Со последните бројки 45,7 проценти од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 39 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Охрид.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат. Досега се пријавени 398.243 лица.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.