Променливо облачно време со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите да бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за поинтензивни процеси. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 27 степени.

До недела, велат од УХМР, продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Температурата во следните денови нема значително да се менува.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.